3 навики од Југославија поради кои денес се дебелееме: Нашите баби и мајки нè научија на сè што е погрешно

Додека Италијанците јадат малку, лесно, со уживање, ние од поранешна Југославија јадеме како утре да нема храна.

„Јади за да живееш, не живеј за да јадеш“, е поговорката што треба да ја научи секој што доаѓа од поранешна Југославија. Дали поради тоа што често бевме во таква сиромаштија јадевме само сув леб или затоа што генетски ни е напишано да јадеме често и да јадеме многу - многу луѓе не можат да се справат со вишокот килограми.

3 навики од стара Југославија поради кои се здебелуваме:

Навика број 1: Секогаш со кафето се јаде нешто слатко

„Јади за да живееш, не живеј за да јадеш“, е поговорката што треба да ја научи секој што доаѓа од поранешна Југославија. Дали поради тоа што често бевме во таква сиромаштија јадевме само сув леб или затоа што генетски ни беше напишано да јадеме често и да јадеме многу - многу луѓе не можат да се справат со вишокот килограми.

Локум, коцка шеќер, торта, сладолед - што било. Кога ни доаѓаат гости, главната работа е да направиме торта што ќе ја послужиме со кафе. Ова е првото правило за добро гостопримство.

„Не јадам слатко“, е реченицата која ниту еден гостин не ја изговорил на Балканот.

Слаткото не се одбива, особено од слива, чиј сооднос е 1 кг овошје со 1 кг шеќер.

Навика број 2: Секој оброк мора да се состои од 3 јадења

На прво место е супата, потоа главното јадење и задолжителната салата (шопска со сирење). Додека некои јадат само салата како главен оброк, таа кај нас за главно јадење не се брои. Се јаде многу, често и обилно. Лебот не се заборава и е составен дел од секој оброк, дури и во оние кои вклучуваат тестенини или ориз.

Повеќето од нас сè уште носат трауми од детството за чинија супа по која во стомакот нема место за главното јадење, но мајката инсистира ...

Навика број 3: Не може да се замисли прослава без свиња или јагне

„Дедо ќе ја заколи свињата“, е реченицата која бабите со големо задоволство ја користат за да ви покажат колку им е важно викендов да дојдете кај нив.

За да се „заколи јагне, свиња или кокошка“, не е потребна голема прослава - доволно е да се собере семејството. Ако веќе купувате скара, се пресметува половина килограм месо по член на семејството.

Салатата потоа се прави, но ретко се јаде - затоа што кој има капацитет во стомакот по изедено половина килограм месо, да јаде и салата?! Но, секогаш има место за баклава или пита со јаболка, зошто да не!

После толку обилен оброк, луѓето обично зборуваат за тоа како нашиот метаболизам не функционира како порано и како се дебелееме и од водата. А никој не спомнува дека тој ден не се ни пие вода....


Фото: Youtube - screenshoot

Извор: стилкурир