3 работи што мора да ги направите по интимен однос: Првата е најважна и никогаш не треба да се прескокнува

Има 3 работи кои мора да се направат после интимен однос, а првата е најважна

Одамна е познато колку водењето љубов може да биде корисно за нашето здравје. Сепак, одредени грешки кои многумина ги прават може да имаат негативно влијание врз здравјето, додека појавата на одредени инфекции е честа појава.

Еве три работи кои дефинитивно треба да ги правите после секс:

Веднаш во тоалет

Веројатно сте слушнале дека треба веднаш да одите во тоалет по сексуалниот однос и тоа е со добра причина. Уринирањето ги исфрла бактериите или токсините кои можеби навлегле во уринарниот тракт за време на сексуалниот однос. По мокрењето, измијте ги гениталиите за да спречите развој на инфекции.

Носете памучна долна облека

Памукот е идеален, а кожата одоздола дише. Бидејќи е природно влакно, памукот е хипоалергенски материјал, добро ја апсорбира потта и нема да ја иритира чувствителната генитална област.

Гушкајте се со вашиот партнер/ партнерка

Има причина зошто шепотењето на перница е толку убаво искуство. Секој пат кога имате интимен однос, го ослободувате љубовниот хормон - окситоцин. Затоа е важно да разговарате со партнерот/партнерката по сексуалниот однос. Тоа е одличен начин да се поврзете и да создадете поголема интимност.

Извор:stil.kurir.rs