31.700 вртења во секунда: Моделот Jesko на Koenigsegg
Koenigsegg пред извесно време објави видео со кое сака да им овозможи на сите љубители на суперавтомобилот и автомобилската индустрија да уживаат во звукот на нивниот модел Jesko со неверојатно краток преносен однос ...
Како што објасни самиот сопственик Кристијан фон Коенигсег, видеото го опишува процесот во кој неговата компанија успеала да „исцеди“ 1.600 КС од петлитарски V8 мотор, двоен турбо модел Jesco, вреден три милиони долари.
Jesko користи нов девет-брзински менувач со повеќе спојки, наречен „Light Speed Transmission“ и има по една мала спојка поврзана со секоја брзина. Ова резултира со 50% пократок менувач отколку што беше случајот со седумстепените менувачи со двојна спојка, а новиот менувач тежи само 89,8 килограми. Со помала внатрешна инерција, Jesko доаѓа со време на одговор со кое ниту еден друг модел на пазарот не може да се пофали.
Со поврзување на Јеско со лаптоп, Кристијан фон Коенигсег покажа како оваа негова нова конфигурација и инженерска моќ може да го доведе моторот до граница од 7.800 вртежи во минута, или 8.500 додека возите, за само 230 милисекунди. Ова му обезбедува на Jesko Ова му обезбедува на Jesko просечни 31.700 вртења во секунда, што го прави автомобил со најголем вртежен момент и најдобра реакција на гас во светот.