„33 години сум девица и се чувствувам одлично“: Оваа жена ја откри шокантната причина зошто никогаш немала секс

Оваа жена ја открива шокантната причина зошто никогаш немала секс

Лорен Харкинс од Портланд има 33 години, никогаш не била на состанок ниту пак имала сексуално искуство. Сепак, таа тврди дека е целосно задоволна од својот живот и дека нема ништо лошо во тоа.

Лорен верува дека не и треба партнер за да има исполнет живот. За време на средното училиште сфатила дека љубовните врски се премногу комплицирани и решила да се посвети на други работи.

Иако признава дека сега е отворена за врска, додава дека во неа би влегла само доколку ја сретне личноста која навистина ѝ одговара.

„Мојата ситуација е единствена. Јас сум девица, но тоа не е поради некое традиционално верување. Задоволна сум од себе и од мојот живот. 90-тите беа збунувачки - сите се обидуваа да градат кариери и да прават различни работи. Кога ги гледав моите пријатели во врски, никогаш не го сакав истото. Бев среќна што го правам тоа што го сакам“, изјави Лорен.

Ако не ја најде својата сродна душа, Лорен вели дека сепак ќе биде задоволна со својот живот. Таа нагласува дека е среќна и сингл.

„Не сакам да живеам на традиционален начин. Фокусирана сум на моите цели и сум емотивно независна. Ја сакам својата слобода и сакам максимално да уживам во животот“, додаде таа.


Фото:  freepik