Живот // Живот
365 нови случаи на ковид-19 во Македонија: Оздравени 1059 пациенти
Бројките варираат од ден на ден, но сега се во надолна линија.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 947 тестирања, регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје се регистрирани 126. Оздравени се 1059 пациенти.
Од почетокот на пандемијата досега на територија на Скопје има 29.575 случаи на коронавирус, додека пак активни се 10.729.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 68332, бројката на оздравени пациенти е 44705, на починати е 1949, а бројот на активни случаи изнесува 21678.
Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на Ковид -19.