5 држави од Југославија меѓу 10 најсиромашни во Европа: На кое место е Македонија?
Дури 5 држави од поранешна Југославија се најдоа на листата на 10 најсиромашни држави во Европа. 10 држави кои се на копното на Стариот континент се посиромашни од голем број држави од Африка.
Економијата на Европа е најголема на светот, а воедно е и една од најбогатите региони. Според последното известување од проценката на Меѓународниот монетарен фонд, БДП по жител изнесува 21.767 американски долари.
Листата на првите 10 најсиромашни држави во Европа е составена темелејќи се на извештајот според проценките на Меѓународниот монетарен фонд.
Пописот на држави го направиле земајќи го предвид БДП (бруто домашниот производ) по жител, односно вкупната пазарна вредност на добрата и услуги произведени од домашната економија за време на минатата година, во однос на секој поединечен жител.
10. Романија
БДП по жител: 9.520 долари.
9. Бугарија
БДП по жител: 7.620 долари.
8. Црна Гора
БДП по жител: 7.320 долари.
7. Србија
БДП по жител: 5.820 долари.
6. Република Северна Македонија
БДП по жител: 5.150 долари.
5. Босна и Херцеговина
БДП по жител: 4.760 долари.
4. Албанија
БДП по жител: 4.450 долари.
3. Косово
БДП по жител: 3.990 долари.
2. Украина
БДП по жител: 3.560 долари.
1. Молдавија
БДП по жител: 2.560 долари.