5 најдобри секс трендови што треба да ги испробате
Живееме во време кога отворениот разговор за секс и
сексуално задоволство треба да биде сосема нормална работа, а во никој случај
не е табу тема. Сексот е важен дел од животот, затоа треба да се грижите за
вашиот сексуален живот и секогаш да барате начини да го подобрите. Затоа одлуќивме
да ги истражиме најдобрите секс совети и трендови за 2022 година кои
дефинитивно треба да ги испробате во 2023 година, ако веќе не сте ги направиле.
1. Надворешен стимул за зголемена интимност
Ова е неправедно потценета практика и може да донесе многу возбуда во спалната соба бидејќи сексот не е само пенетрација, туку е термин кој опишува задоволство во различни форми. Пред да се соблечете, играјте си со постапки како што се галење, допирање или еротски разговор. Забавувањето на самиот секс и навистина уживањето во допирот и поврзаноста е најдобриот начин за зајакнување на интимноста помеѓу вас и вашиот партнер.
2. Предигра без пенетрација за посилен оргазам
По надворешниот стимул, можете да се префрлите на оваа моќна техника која наводно води до импресивен оргазам. Како што кажува и самиот збор, предиграта без пенетрација се однесува на сексуални игри со партнерот, како што се стимулација на клиторисот, мастурбација пред партнерот, орален секс, истражување на ерогени зони и употреба на секс играчки.
3. Сензуалната масажа задолжителна пред сексуален однос
Сензуалната масажа е уште еден одличен ритуал кој не го вклучува самиот сексуален чин, но може на еротски начин да ја зајакне врската помеѓу вас и вашиот партнер. Сензуалната масажа вклучува меѓусебно масирање на целото тело, вклучувајќи ги брадавиците, пенисот, вулвата и клиторисот. Предностите на оваа техника се многубројни, од подлабоко разбирање, подобра комуникација и посилна поврзаност со партнерот. Ако сте личност која тешко се релаксира за време на сексот, тогаш овој тип на масажа е нешто што дефинитивно треба да го пробате.
4. Знаењето за сексуалните преференции може да ги подобри односите
Како што сите ние имаме различни личности и карактери, имаме и уникатни сексуални преференции, а подоброто познавање на вашите преференции, како и преференциите на вашиот партнер, може да го доведе вашиот сексуален живот на сосема ново ниво. Познатиот сексолог Џаја Ма создаде теорија наречена еротски план, која вклучува 5 различни типови на сексуални личности. Тие се енергичен, сензуален, сексуален, каприциозен и променлив тип. Секој тип има специфични работи кои го палат, но и работи кои го исклучуваат. Разбирањето на еротскиот отпечаток може да ви помогне подобро да ги комуницирате вашите желби и потреби со вашиот партнер и да ве научи повеќе да уживате во сексот.
5. Кивин метода за супер брз оргазам за време на орален секс
Еден од актуелните хитови кога станува збор за оралниот секс е секако методот на Кивин, за кој се верува дека може да ја доведе жената до оргазам за само 3 минути. Самата суштина на методот Кивин е позиционирањето на главата на мажот при орално задоволување на неговата партнерка. За разлика од класичниот орален секс, со методот Кивин, мажот треба да ја стави главата странично на бутовите на партнерката, а не меѓу нив. Оваа поза ќе придонесе за стимулација на поголема површина на клиторисот, а со тоа и побрз и посилен оргазам. Со показалецот од левата рака мажот може дополнително да го стимулира пределот помеѓу вагината и анусот.
Фото:freepik