5 НАУЧНО ДОКАЖАНИ ФАКТИ: Зошто некои луѓе се заразуваат со коронавирус, а некои не

Погледнете ги петте научно докажани факти и дознајте дали сте ризична група

До неодамна, научниците не знаеја ништо за ковид-19 и сите информации што ги презентираа на јавноста беа само шпекулации. Овој вирус е сè уште мистерија, но многу факти се познати, еве кои:


Колку години имаш?

Осум од 10 смртни случаи предизвикани од ковид-19 биле лица постари од 65 години. Постарите луѓе исто така имаат асоцирани хронични болести, а нивниот имунолошки систем е послаб од помладите.


Колку ви е шеќерот во крвта?

Луѓето кои имаат висок шеќер се далеку подложни на сите инфекции, вклучително и на ковид-19. Тие се особено изложени на ризик за Тип 2, чии клетки не реагираат на хормонот инсулин. Дури 13 студии докажаа дека луѓето со дијабетес имаат 3,7 пати поголема веројатност да заболат од овој вирус.


Дали сте пушач?

Луѓето кои пушат често страдаат од респираторни инфекции и пневмонија, а кинеска студија направена со 1.000 пациенти покажа дека 12,3% од пушачите поврзани со кислород умреле во споредба со 4,7% од непушачите.


Колку килограми имате?

Луѓето со прекумерна тежина имаат 86% поголема веројатност да развијат пневмонија од другите. Во Франција, секоја друга личност која има кортонавирус на интензивна нега имала прекумерна тежина.


Каква крвна група сте вие?

Лоши вести за повеќето луѓе - многу студии покажаа дека луѓето со крвна група „А“ (позитивни и негативни, но исто така и АБ позитивни и негативни) имаат најголеми шанси да добијат ковид-19, додека луѓето чија крвна група е „О“ имаат помалишанси да заболат во вирусот Ковид-19.


Извор: balkanspress

Можеби ќе ве интересира:

НАЈГОЛЕМАТА МИСТЕРИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ: Фактор кој пресудува- живот или смрт!

НАЈДРАМАТИЧНАТА ПОРАКА ОД СЗО ДОСЕГА: Дали се подготвува катастрофа за целиот свет?!