5 причини зошто Крушево е идеална дестинација во Есен

Крушево се наоѓа во централниот дел на Македонија. Ова мало и живописно гратче, сместено на околу 1,350 метри надморска височина ви нуди уникатна атмосфера и прекрасни можност за уживање во магијата на есента. 

Еве што може да очекувате ако го посетите Крушево во есен:

Преубави бои на лисјата- Во септември и октомври, градот и околината се озаруваат во топли црвени, жолти и портокалови нијанси. Шетањето низ градот и патеките низ шумите во овој период е посебно уживање.

Карактеристична архитектура и згради: Крушево е познато по богатата историја и уникатната архитектура. Можете да се прошетате низ уличките на градот и да ги фотографирате прекрасните старински куќи и цркви како и новоосветениот манастир Преображение.

Историски знаменитости: Крушево е дом на некои од најважните историски знаменитости во Македонија, вклучувајќи го споменикот Македониум, спомениците на Мечкин Камен и Слива, меморијалниот дом на Тоше Проески како и галеријата на Никола Мартиноски.

Активности на отворено: Крушево нуди одлични можности за пешачење, јавање коњи, планински велосипедизам, возење АТВ или ЏИП Сафари, а за оние со потреба од адреналин тука е најголемиот адреналински парк во Македонија. За љубителите на висините Крушево ви ги нуди спектакуларните прелети над Пелагонија со тандем-параглајдинг.

Локална кујна и специјалитети: Крушевските традиционални специјалитети се неизбришлив дел од македонската кујна. Во комбинација со убавите македонски вина и ракии, уживањето за најголемите гурмани и сладокусци во Крушево е загарантирано

Доколку сакате едно целосно доживување на Крушево, а притоа да имате на располагање удобно сместување, првокласна храна и спа центар по светски стандарди тогаш сместете се во хотелот Панорама СПА кој ви го нуди најдобриот поглед на градот од еден од најмодерните хотелски капацитети во Македонија. Повеќе инфо на panoramaspa.mk