6 лекции на Мајкл Џордан за успех во животот: Можам да прифатам неуспех, но не можам да прифатам да не се обидам!
Магијата што според многумина ја создал најдобриот кошаркар на сите времињаи доминацијата на теренот, може да се преведе и искористи ефективно на работното место.
Еве шест лекции од Мајкл Џордан кои симболизираат што треба да направат водачите за да се победи:
1. Прилагодете се на ситуацијата
Како натпреварувач, Џордан беше познат по неговата неуморна работна етика и подготвеност да се прилагоди со цел да ги победи противниците.
Како лидер, треба да се прилагодите и да научите како да го надминете неуспехот. Важно е да се разбере предизвикот, да го секцирате и да се открие кои алатки и методи се потребни за да се надминат пречките.
2. Тимска работа
Како што вели Џордан, „Талентот носи победа, но тимската работа и интелигенција победуваат првенства“.
На почетокот на својата кариера, Џордан се обиде да стори сé самиот. Иако постигна одлични лични резултати, неговиот тим не освои титули.
Индивидуалниот придонес за тимска работа важи и за деловното работење: да бидете успешни, мора да работите заедно како тим - интелигентно - за да ја постигнете целта. Тимот е тој што ја „завршува работата“.
3. Верувајте во себе
Мајкл веруваше во неговите способности и непоколебливата самодоверба неопходна за постигнување на неговите цели.
Ако не верувате во себе, многу е тешко да ги водите другите. Лидерството бара екстремна самодоверба и самоспознание. Тоа значи да бидете интроспективни и да ги знаете вашите предности, како и вашите слабости.
4. Секогаш давајте сé од себе
Гледајќи како игра Мајкл Џордан, сигурно сте забележале дека тој дава сé од себе, без оглед на околностите. Неговата посветеност на секој натпревар беше неспорна.
Големите водачи мора да ја имаат таа особина и мора да бидат подготвени да претрпат загуби во потрагата по победи. Како што рече Џордан: Можам да прифатам неуспех, но не можам да прифатам да не се обидам.
5. Развијте менталитет на шеф
Лидерството исто така бара одредено ниво на менталитет и одговорност на сопствените постапки. Кога сте шеф, вашиот тим ве гледа како пример. Вие сте одговорни за процесите и резултатите.
6. Учете од вашите грешки
„Учењето е подарок, дури и кога болката ти е учител“, вели Џордан.
Иако понекогаш работите не одат како што сте замислувале и се надевавте, секогаш има лекција што ќе ви биде важна за во иднина.
Лидерството не е само улога, туку одговорност која се покажува не само со зборови, туку и со дела.