6 спални, 11 бањи, теретана ... Карпата си купи вила од 17,630 квадратни метри за 27,8 милиони долари
Актерот Двејн Џонсон (48), славниот Рок или Карпата, купи прекрасна вила во Беверли Хилс и уплати 27,8 милиони долари за луксузниот имот.
Имено, Двејн и неговата сопруга Лорен Хашијан, од комичарот Пол Рисер, минатата недела купија вила со огромен двор и детали кои го одземаат здивот.
Новата вила на славниот актер има шест спални соби и 11 бањи, терен за безбол, тениско игралиште и „теретана од светски ранг“, каде Џонсон, без сомнение, ќе вежба, а можеби тоа ќе биде неговиот омилен агол од куќата .
Вилата има 17.630 квадратни метри и се наоѓа во затворена заедница во Лос Анџелес, каде живеат некои од најголемите sвезди. Соседи на Џонсон ќе бидат Дензел Вашингтон, Силвестер Сталоне, Еди Марфи, Софија Вергара ...
Покрај својот нов дом во Лос Анџелес, Двејн поседува и куќа од 14.791 квадратни метри, која ја купи за 9,5 милиони долари. Сепак, Двејн сака да ја продаде таа вила и се појави на пазарот од почетокот на годината, за 7,5 милиони долари.
Погледнете како изгледа прекрасната вила на Двејн Џонсон, која ја пазари за 27,8 милиони долари, во галеријата подолу:
Извор: Телегараф. рс