63 милиони прегледи за еден ден: Шакира го сруши рекордот со песната за Пике

Шакира во четвртокот објави песна за поранешниот сопруг Жерар Пике која го собори рекордот за само два дена. Песната во која зборува за измамата на Пике за два дена собра над 88 милиони прегледи на Јутјуб и собори важен рекорд.

63 милиони прегледи за 24 часа

Новата песна на Шакира е преслушана 63 милиони пати за само еден ден, со што го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб во тој период.

Со оваа песна Шакира се најде на листата на најслушани латиноамерикански артисти кои исто така соборија рекорди на Јутјуб, како Џеј Балвин, Луис Фонси и Деди Јенки.

„Жените не плачат, жените наплаќаат“

„Ме остави како сосед на мојата свекрва, со новинари на врата и долг во трезорот. Мислеше дека ќе ме повредиш, но ме направи посилена. Жените не плачат, жените наплаќаат“, се пее во текстот на новата песна на Шакира упатена до Пике.


Со песната Шакира му испрати јасна порака на бившиот сопруг кој наводно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чија: „Драги, ти посакувам се‘ најдобро со мојата замена, не знам што ти се случило, но ти замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио...“

Да потсетиме дека Пике реагираше на новата песна на Шакира на Твитер, а на мајка му и се допадна песната во која пејачката пее за нејзиниот син.


Фото и Видео: Youtube