8 факти за принцот Вилијам кои не сте ги знаеле: За малку немаше да се ожени за Кејт Мидлтон, не сонува за круната, ама последниот факт ќе ви го скрши срцето
Фото: Инстаграм - dukeandduchessofcambridge
Идниот крал на Англија е роден на 21 јуни 1982 година, а ова се работи кои не сте ги знаеле за него.
1. Првиот иден крал е роден во болница
До доаѓањето на принцот Вилијам на светот, идните кралеви и кралици се раѓале во кревети во палатите. Принцезата Дијана ја промени таа традиција кога се породи во болницата Сент Мери, каде Кејт Мидлтон подоцна роди три деца. По раѓањето на Вилијам, стана традиција кралската двојка да позира со бебето на скалите од болницата.
2. Принцот Вилијам сака да „бинџува“ филмови и серии
Сака филмови и серии, а најмногу сака да нарачува храна, да облече удобна облека за „лежење“ и да гледа телевизија. Во неколку наврати изјави дека му се допаѓаат сериите „Игра на тронови“ и „Татковина“. Не знаеме дали му се допадна „Круна“ ...
3. Има лузна на челото
Принцот Вилијам добил лузна над левото око од палка за голф, со која случајно го удрил пријател додека си играле. На шега ја нарекува „лузна во стилот на Хари Потер“, бидејќи е слична по форма и на слично место како момчето волшебник.
4. Сака спорт, но не му оди секој спорт лесно
Принцот Вилијам обожава да сурфа, што повторно и повторно го изненадува британскиот печат, бидејќи едноставно сурфањето не се смета за доволно „достоинствен“ спорт за идниот крал. Тој игра и фудбал и поло, но поло му оди потешко бидејќи правилата налагаат стапот да се држи со десната рака, а принцот е левичар.
5. За малку немаше да се ожени за војвотката Кејт Мидлтон
Свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја следеа милиони ширум светот, а многумина не знаат дека за малку немаше да се случи. Принцот и Кејт беа заедно некое време, а потоа раскинаа во 2007 година.
„Се обидувавме да се пронајдеме, да си дадеме простор, а всушност испадна подобро“, изјави еднаш Вилијам, а Кејт се согласи:
"Кога си многу млад, врската те голта. Времето што го поминавме одвоено ми значеше многу, и за мене и за нашата врска. Не бев среќна кога раскинавме, но ме направи посилна личност", кажа таа.
6. Не размислува за моментот кога ќе стане крал
Ние сме нормално семејство и ќе се трудам да останам така додека можам. Не лежам буден ноќе, сонувајќи за моментот кога ќе станам крал. Наместо тоа, се фокусирам на семејството. Ако можам да минувам време со моите деца, тогаш јас сум загрижен за иднината“, рече принцот, кој со Кејт Мидлтон ги има принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
7. Постојано ја преживува смртта на принцезата Дијана
Денот на смртта на принцезата Дијана е засекогаш врежан во сеќавањето на принцовите, иако тие во тоа време биле мали. Принцот Вилијам повеќепати изјавил дека одредени настани го потсетуваат на траумата што ја доживеал тогаш, поради што се чувствува како да го преживува одново моментот кога сфатил дека мајка му е мртва.
„Секоја ситуација која е поврзана со родителите и децата, а која е поврзана со загуба, ми е многу тешка. Веднаш ме враќа на емоциите што ги чувствував кога ја изгубив мајка ми. Еднаш бев на мисија, летав покрај хеликоптер кој превезуваше дете кое преживеа сообраќајна несреќа. Веднаш се вратив во состојба во која ја чувствувам болката на тоа семејство. Загубата на мајка е болка која не се мери со ништо и рана која никогаш не зараснува“, рече тој .
8. Се обвинува себеси за смртта на мајка му
Во едно интервју, Вилијам отворено рече дека мислел дека можел да направи повеќе за да ја заштити мајка си. Иако знае дека тогаш имал само 16 години и дека никој за ништо не го „прашал“, дека моќта на одлуката не била во негови раце, тој се чувствува виновен.
„Тажен сум и сè уште сум многу лут што не бевме доволно возрасни за да направиме нешто за да ја заштитиме. Тоа што не бевме доволно мудри да интервенираме, да направиме нешто што можеше да ја подобри нејзината ситуација“, рече тој.
извор:mondo