8. ГОДИНА ПО РЕД, КЛИНИЧКА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНИ ДЕРМОСКОПСКИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ

Месец мај е посветен на подигнување на свеста кај пациентите за рано откривање на рак на кожата. По повод месецот на меланомот, Клиничка болница „Аџибадем Систина“ успешно организираше и реализираше 100 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки за своите пациенти. Со рано препознавање на сомнителните промени на кожата во најраната фаза на болеста, шансите за излекување се високи и се зголемуваат до 100 проценти, велат дерматолозите.

„Секоја година активно учествуваме во ‘Евромеланома’ – акцијата со давање бесплатни прегледи за граѓаните една сабота во мај. Оваа акција, пред сè, има превентивен карактер, но најзначаен е симболичниот аспект за алармирање за опасноста од појава на најопасниот рак на кожата  меланом и негово навремено откривање и третман. Во Kлиничка болница ‘Аџибадем Систина’ овие прегледи се прават со најсовремена техника на дигитална дермоскопија Mole max HD, со која се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа. Ако се открие навреме, големи се шансите да се постигне добар резултат на излекување и преживување“, вели проф. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог.

Оваа акција традиционално се одбележува осма година по ред на Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија во Клиничка болница „Аџибадем Систина“, како дел од меѓународната кампања „Еуромеланома“, која има за цел подигање на свеста за ракот на кожата и промовирање на практиката за рано откривање.

ПР Објава