8 работи од кои не треба да се срамите: И воопшто да не ви е гајле

На Reddit, еден корисник се прашуваше од што не треба да се срамиме, иако други мислеа дека треба?

Корисникотобјаснува дека во никој случај не треба да се чувствувате виновни доколку сте на забава и да го земете последното парче пица (или храна воопшто) што е преостанато.

Притоа, навистина правиш корист некој да не внесува дополнителни калории и да не се здебели. Вие сте херој и тоа последно парче е вашата награда!

Сами на вечера

Некои луѓе можеби ја осудуваат вашата потреба да излезете на вечера сам или во кино затоа што можеби ве сметаат дека сте осамени и асоцијални, но имајте на ум дека ова воопшто не е лошо и всушност е идеален начин за опуштање и уживање во осаменост.

Јадење во тајност и кино

Сигурно е дека кино работниците би биле лути ако виделе дека вие сте држеле храна, но не треба да се чувствувате виновни за тоа затоа што храната што луѓето ја „шверцуваат“ во кино е далеку поздрава од онаа што ја купуваат на влезот. Една студија покажа дека една кесичка пуканки кои ги има на секој влез во кината има 1200 калории.

Давате помал бакшиж иако услугата е лоша

Давањето бакшиж е културна работа и би требало д го дадете на личноста која ве служи, но ако услугата е лоша, тогаш не треба да се чувствувате виновни ако оставите помал бакшиж од очекуваното.

Мастурбирање

Зошто некој би се грижел што правите во вашите четири sида? Без разлика дали сте сами или во врска и редовно  мастурбирате, не се возбудувајте за мислењата на другите луѓе.

Мажите кои мастурбираат редовно имаат подобар имунолошки систем и намален ризик од карцином на простата.

Немате деца

Децата и семејството се прашање на личен избор и не треба да се чувствувате виновни, освен ако не спаѓате во група на луѓе кои сакаат да имаат деца.

Нема ништо себично да сакате да го живеете животот според вашите сопствени верувања и никој не треба да ве обвинува за тоа.

Играте видео игри

Не треба да се чувствувате виновни гледајќи филмови цела ноќ, вашата омилена серија, но дали треба да се чувствувате виновни кога играте видео игри?

Играњето видео игри спаѓа во иста категорија и не треба да се чувствувате виновни за тоа. Плус, постојат 6 причини зошто треба веднаш да ја земете конзолата.

Сами сте

Другите парови можеби ќе направат да се чувствувате виновни затоа што сте сами, но ако се чувствувате задоволни и исполнети, не чувствувајте вина за тоа.

Подобро е да бидете сами отколку да ви се наметнува нешто што не е соодветно за вас во моментот.