8 животни лекции од Дејвид Бекам: Еве што секој маж треба да знае до педесетите

Дејвид Бекам има полни 50 години, но изгледа - и живее - подобро од повеќето 18-годишници...

Иако одамна ги закачи копачките, овој „дедо на светскиот фудбал“ сепак останува еден од највлијателните, најстилските и најдисциплинираните мажи на планетата. Неговиот живот - од отфрлање во младоста, преку скандали и слава, до семејна стабилност - е вистинска колекција на животни лекции.

Значи, ако сте маж кој размислува за иднината, слушнете ги овие 8 пораки кои Бекам ги испраќа до секој кој сака да не се изгуби себеси до својата 50-та година.

1. И кога ќе те отпишат - тргни посилно

Во 1988 година, еден фудбалски тренер му рекол на тринаесетгодишниот Бекам дека никогаш нема да успее бидејќи е „премал и премногу слаб“. Три години подоцна тој потпиша професионален договор. Тој тренер денес никому ништо не му значи. Бекам? Сè уште глобална икона.

Патот до врвот водеше низ младинските тимови на Есекс, Лејтон Ориент и Школата Тотенхем, но кога Манчестер Јунајтед ги препозна талентот и решителноста - се роди легенда.

2. Падот не те дефинира - туку твојата реакција

Светското првенство во Франција во 1998 година требаше да биде моментот на Бекам. Наместо тоа, црвениот картон против Аргентина го претвори во национален негативец. Закани, навреди, медиумски линч.

Но, следната година - се ожени со Викторија, стана татко и го зазеде второто место на листата на најдобри фудбалери во светот. Враќањето на кралот - не само на теренот, туку и во умот на јавноста.

3. Кога ќе ја затворат вратата - поминете низ друга

Конфликтот со Алекс Фергусон, тензиите околу медиумското внимание и неговата сопруга, легендарното фрлање на копачката во соблекувалната... и заминувањето на Бекам од Јунајтед во 2003 година отвораат ново поглавје: Реал Мадрид. Нов град, нова култура, нов предизвик. Но, истата определба.

По Реал - уште поголем предизвик. Бекам во 2008 година реши да ја освои Америка и да започне фудбалска револуција во МЛС лигата. Затоа што тоа е Бекам - кога сите очекуваат стагнација, тој удира во гас.



4. Пронајди го својот потпис

Фитнес тренер на ЛА Галакси еднаш рече: „Сите играчи се физички слични. Но она што ја прави разликата е тој дополнителен напор - тие 10% повеќе. Тоа е Бекам“.

Каде и да сте - во канцеларија, во теретана, во кревет - тие дополнителни 10% можат да ве одвојат од просекот.

5. Прифатете ја промената и приспособете се

Додека многу спортисти на слична возраст изгледаат како сенки на нивното поранешно јас, Бекам свесно гради нова верзија од себе. Го прилагодува тренингот, начинот на живот, фокусот.

По пензионирањето во 2013 година, тој не забави. Неговите тренинзи сè уште вклучуваат кардио -- веслање, трчање, возење велосипед -- но тој ги избалансира тежините бидејќи научи една лекција: „Дигав премногу тешко. На крајот не можев повеќе да трчам правилно“.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)



6. Држете се под контрола

Секој носи самоуништувачки нагони. Алкохол, прекумерно трошење, измама, лоши одлуки. Бекам имаше можност за сè - но избра дисциплина.

И самиот признава дека порано фудбалери можеле да пијат пиво по натпреварот. Денеска? Професионалците се многу повеќе чувани. А Бекам е еден од оние кои научиле да застанат.

7. Славата е лажна валута - правете го она што го сакате

„Славата никогаш не била моја цел“, вели Бекам. Тој само сакаше да игра фудбал - и да победи. Сè друго дојде подоцна.

Не го заснова својот идентитет на аплауз, туку на работа. Надвор од центарот на вниманието, тој води едноставен живот: семејство, тројца вистински пријатели, градина и мир. „Попрво би поминал четири часа со децата отколку на теренот за голф“.

View this post on Instagram

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)



8. Научете да добивате удар - и вратете се посилни

По црвениот картон во 1998 година, медиумите го изедоа. По повредата на Ахиловата тетива во 2010 година, сите мислеа дека е готово. Тој самиот се сомневаше во себе. Но, само за еден ден.

„Кога ја видов лузната, помислив: готово е. Но децата дојдоа да ме видат... и тогаш знаев дека морам да се вратам. Лекарите рекоа девет месеци. Бекам беше на теренот за неполни шест.

Бонус лекција: Биди татко - и ќе бидеш исполнет

Бекам има четири деца и не крие колку татковството му е поважно од се. Аверзија кон разгалувањето, фокусирање на работните навики и манири - еве што им пренесува на своите наследници.

„Моите родители секогаш работеа. И јас пораснав гледајќи го тоа. Сега моите деца гледаат како јас и Викторија работиме. И тоа е лекција што не можете да ја објасните со зборови - само со пример.“



Заклучок: Не се закопувајте предвреме

Бекам има полни 50 години, но тој сè уште живее како да има 30. Не затоа што се обидува да избега од својата возраст - туку затоа што е прилагоден, научил и верува во себе и во она што го сака. Можеби не е „најголемиот“ во историјата на фудбалот, но секако е еден од највпечатливите луѓе во својата генерација.

И тоа, всушност, е единствената лекција што вреди да се запамети: работете на себе - без изговори, без лелекања, и без откажување.