9 намирници кои им ги забранив на луѓето кои ги сакам: Кардиолог без влакна на јазикот
За срцето да биде здраво, многу е важно да се внимава на исхраната и да се води сметка за стилот на живот и навиките.
Пред се, важно е да се исфрли се она што може да делува лошо на најважниот мускул во телото, а еден кардиолог откри кои 9 намирници им ги забрани на своите најблиски.
Помфрит
На 100 грама пржени компири доаѓаат 9 грама транс масти, кои не се супстанца од природно потекло, но производ од повеќекратно загревање на растителните масла. Транс мастите го покачуваат холестеролот во крвта и така го зголемуваат ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем.
Црвено и преработено месо
- Шницлите, меленото месо и сланината штетно влијаат на срцето. Бактериите од системот за варење абсорбираат аминокиселини од црвеното месо, што покренуваат цел ланец на реакции кои на крајот го покачуваат нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести.
Термичката обработка на висока температура создава голема количина транс масти, кои се едни од главните виновници за проблемите со срцето. Во Кина каде месото обично се пече или вари, срцевите заболувања се помалку чести.
Пица
Само едно парче пица содржи 10 грама масти, од кои 4,4 грама се заситени маснотии. Ако не можете да се откажете од пица, ограничете се само на едно парче неделно, и тоа нека биде пица од зеленчук.
Бел леб
Редовното конзумирање храна богата со јаглени хидрати како бел леб, го зголемува ризикот од срцеви болести. Високиот глихемиски индекс го покаќува нивото на шеќер во крвта, па на таа основа научниците се сомневаат дека ова е еден од честите први фактори кои доведуваат до срцев удар.
Корнфлеск
Во прашање се брзи јагледни хидрати кои се преполни со шеќер и прават инсулинот во телото да подиви.
Вишокот сол во телото предизвикува оштетување и затнување на крвните садови. Дневно не би требало да се изеде повеќе од 5 грама сол (неполна лажичка).
Инстант супа
Како и многу други преработени производи, инстант супата содржи голема количина сол, кој го покачува нивото на ризик од срцеви болести и мозочен удар. Личностите кои јадат инстант супа 2-3 пати неделно имаат многу поголем ризик од кардиометаболички синдром, кој го зголемува ризикот од срцеви болести, дијабетес и мозочен удар.
Енергетски пијалоци
100 ml енергетски пијалок содржи 30 mg кофеин. Ако испиете 300 ml, што е стандарно пакување, ќе внесете 90 mg кофеин, што е како да сте испиле 3-4 еспресо кафиња. Оволкава доза кофеин може да предизвика тахикардија, а притоа сите вида на овој пијалок никако не се препорачуваат за луѓе кои имаат било каков проблем со срцето.