9 смртни гревови на модерниот маж
Да се биде современ и модерен маж, под тоа се подразбираат неколку работи. Тоа значи дека треба да бидете љубезни, без предрасуди и да не оставате впечаток на маж кој во друѓтво на жена, исклучиво сака само секс.
Исто така, модерниот маж прифаќа дека светот се менува и дека половите разлики се повеќе се намалуваат. Во исто време тој изгледа добро, мириса добро и во целина, тој е добар човек. Под никакви околности тој не смее да поседува некоја од следниве квалитети и навики.
1.Да одбива нови искуства
Мажите со ставот - „Јас знам што сакам и го сакам тоа што го знам“ веќе долго време не се во мода. Живееме во свет полн со различни можности, затоа отворете го вашиот ум за прифаќање различни работи.
2.Не сака да превземе иницијатива
Вака стојат работите. Ова долго патување наречено живот треба да го сфатиме како непредвидлив ѕвер и малку луѓе во целост знаат која е неговата цел. Затоа, ако сакате нешто, постои добра шанса дека тоа нема да ви падне од небото, но ќе мора сами да се справите со тој процес.
3.Љубоморен е на успехот на другите луѓе
Гигантскиот простор за социјално вмрежување им дава можност на луѓето да го оценуваат и споредуваат животот на другите луѓе со нивниот. Но запомнете, не е сè така како што изгледа.
4.Постојано се жали
Дали забележавте дека секогаш кога ја започнувате приказната за тоа како само вие не сте разбрани од другите, луѓето околу вас превртуваат со очите и полека го напуштаат вашето друштво?
5. Лесно се откажува
Депресијата е честа појава и влијае на секој шести човек, затоа мора да се сфати многу сериозно. Ако се чувствувате депресивно затоа што вашиот шеф не ја цени вашата работа доволно, не треба да се жалите, туку вложете дополнителни напори за да бидете забележани.
6.Бара бакнеж сред конфликт
Да, веројатно сте гледале стари филмови и се сеќавате на сцената каде што и двајцата се лути, но мажот на сред расправија ја бакнува девојката и се случува хемијата која го „решава“ конфликтот? Пробајте го истото во реалниот живот. Нема да ви успее, нели?
7.Кога е очаен, се јавува на поранешните девојки
Живееме, учиме и додека поминуваме низ тоа долго патување учиме важни лекции. Една од најважните е дека никогаш не треба да ги повикате вашите поранешни партнерки во два часот по полноќ, додека хистерично плачете и тагувате за врската што веќе е минато.
8.Има страв од јавен говор
Едно е јасно, апатија нема да ве однесе никаде. Формулирајте го своето мислење и кажете го јасно. Не бидете еден од оние „политички коректни луѓе“ кои немаат став за ништо.
9.Повеќе гледа ТВ, отколку што чита
Умереното гледање телевизија е добро, но ако ја гледате истата епизода од вашата омилена серија по четврти пат, пробајте го добро старо решение - читајте книги. Научете нешто што вашите колеги од работа навистина ќе сакаат да го слушнат.