Овој кинески автомобил е вистински хит, би можел да ја освои Европа: Ги руши цените и ја крева стапката на луксузот

Кинескиот производител на електрични возила Nio го претстави сосема новиот ES8, луксузен електричен SUV кој е позициониран како конкурент на премиум моделите како што е Range Rover, но по многу попристапна цена. Новиот Nio ES8 е отворен за преднарачки со редизајн на оригиналниот ES8, кој првпат се појави на патиштата во 2018 година.

Цените за стандардната верзија на ES8 се околу 53.000 евра, додека со опција за претплата на батерии (Battery-as-a-Service) цената паѓа на околу 39.000 евра. За врвната варијанта, Executive Signature Edition, цената започнува од околу 58.000 евра, односно 44.000 евра со опцијата BaaS. Ова значи дека новиот Nio ES8 е за над 60.000 евра поевтин од електричниот Range Rover, чија цена е околу 120.000 евра.

Влогерот на TikTok, Џереми Лук, детално го опиша Nio, нарекувајќи го моделот верзија на Nio „електричен Range Rover“. Тој истакна дека овој автомобил има „40.000 нарачки за само 24 часа. Никогаш не помислив дека кинески автомобил од 56.000 долари ќе биде толку популарен... овој автомобил е огромен. Речиси 5,3 метри, погон на сите тркала, вкупно 700 коњски сили. И поддржува замена на батеријата. Имате целосно наполнета батерија за три минути“.

@jerembhhjjr A Chinese automaker NIO just made an “electric Range Rover”! #auto #nioes8 #rangerover #cardesign #familysuv original sound - Jeremy Lueck


Луксузен ентериер

Новиот ES8 е опремен со нова архитектура од 900 волти што овозможува побрзо полнење и поголема ефикасност. Возилото е достапно во конфигурации со шест и седум седишта, а батеријата обезбедува автономија до 635 километри според WLTP циклусот. ES8 има простран багажник од 550 литри, а задните седишта се опремени со луксузни карактеристики како што се седишта со нулта гравитација, 21,4-инчен мини LED екран и мини фрижидер.

Влегувајќи во кокпитот, Џереми забележа интересна работа: „На контролната табла имаме лента од екран што се протега сè до патникот. И секако, автомобилите Nio секогаш имаат гласовен асистент наречен NOMI. Под него имаме два безжични полначи и два држачи за чаши.“


ФОТО: Screenshot/ TikTok