Д-р Сејфрид: Две „горива“ го хранат ракот, без нив тој не е можен, но има еден проблем...

Угледниот американски биохемичар, доктор Томас Сејфрид, одговорите на прашањата од државната МИА ги започнува со цитирање на писателот, добитникот на Пулицер и политичкиот активист, Аптон Синклер, кој велел дека секогаш треба да се следи патот на парите: „Тешко е да натераш човек да разбере нешто кога неговата плата зависи од тоа - да не го разбере.“
„Секоја година, Американското здружение за рак документира нови заболувања и нови смртни случаи. Бројот секогаш расте. Во САД, секојдневно умираат околу 1 700 луѓе од рак. Тоа е околу 70 луѓе во текот на еден час. Тоа не е занемарливо, тоа е епидемија. Се трошат милијарди и милијарди долари. И од федералната влада и од приватни фондации, кампањи со розова панделка и слично. Луѓето даваат пари без да знаат каде тие одат. Нема одговорност, ниту од владата, ниту од фондациите. Тоа е стана годишен ритуал на фрлање пари со надеж дека нешто ќе се смени, а обично не се менува ништо“, вели доктор Сејфрид.
Според него, официјалните податоци се дека има „огромен напредок“ во намалувањето на смртноста од рак, но всушност вели, најголемата реална промена во „лекувањето“ од канцер дошла после кампањата против пушењето во 1990-тите, но тврди, тоа е превенција, а не резултат на скапите третмани.
„Значи, најголемата редукција на смртноста дојде од промена во личното однесување, а не од медицинските интервенции“, категоричен е познатиот биолог, кој додава дека ракот е всушност, нарушен раст на клетките, неконтролирана клеточна делба.
Но, дали ова нарушување е предизвикано од генетски мутации, или пак од хронично недоволно клеточно дишење, поврзано со ферментација (субстратно-фосфорилација)?
„Научната теорија е обид да се објаснат фактите. Фактите се реалност, а толкувањето на фактите зависи од веродостојна теорија. Добрата теорија ја движи науката напред, погрешната теорија ја блокира. Сега сме пред нова трансформација: дали митохондријалната метаболичка теорија може подобро да го објасни потеклото и управувањето со ракот од доминантната соматска мутациска теорија? Доминантното мислење тврди: мутации во тумор-супресорните гени и онкогените предизвикуваат неконтролирана клеточна делба. Врз основа на тоа се развиваат ‘прецизни терапии’, генетски тестови и персонализирана медицина. Ама статистиките покажуваат дека новите лекови ретко го продолжуваат животот повеќе од два-три месеца. Сепак, ако погледнеме експерименти со трансплантација на јадра и митохондрии меѓу нормални и канцерогени клетки, станува јасно: клеточната регулација повеќе зависи од здравјето на митохондриите/метаболизмот отколку од мутациите во јадрото. Значи, доказите сугерираат дека канцерот е нарушување на метаболизмот/митохондриите, а не чисто генетска болест.“
Сејфрид потсетува дека славниот биохемичар, Ото Варбург, уште во 1920-тите, докажал дека ракот произлегува од хронично оштетено клеточно дишење. Клетките тогаш се враќаат кон древниот начин на производство на енергија/ ферментација. Тоа е т.н. „Варбургов ефект“. Денес се знае дека не ферментира само глукозата, туку и глутаминот, најзастапената аминокиселина во крвта.
Тој вели дека современите студии покажуваат дека сите канцер-клетки без исклучок, ферментираат, без разлика на мутациите што ги носат. Тоа значи дека клучот за управување со ракот е одземање на горивата за ферментација: глукозата и глутаминот.
„Електронската микроскопија го потврдува ова: митохондриите во здрави клетки имаат уредна структура, додека во канцер-клетките тие се уништени, празни или абнормални. И тоа важи за сите видови рак, до 90 отсто од анализираните случаи. Значи, структурата и функцијата на митохондриите се клучот. Кога тие не работат правилно, клетките мора да ферментираат . И така, се заболува од рак.“
На крајот, д-р Сејфрид потенцира ека најголемата слабост на канцер-клетките е нивната зависност од ферментацијата. Дека, ако се таргетира оваа ранливост на метаболизмот, тогаш можеме да управуваме со болеста поефикасно отколку со класичниот пристап кој гледа на ракот само како на „генетска болест“.
„Ферментацијата на гликоза и глутамин во цитоплазмата и митохондријалната фосфорилација на ниво на супстрат се неопходни и доволни за да се поттикне нарушениот раст на клетките. Не сакам да ве заморувам со овие детали. Ние ги сакаме овие работи, знаете, би можеле со часови да ги разгледуваме. Но еве, јасно е: гликолиза и глутаминолиза, тоа се двете главни патеки што ја обезбедуваат енергијата за нарушениот раст на клетките и метаболитите потребни за нови клетки. Овие канцерогени клетки навистина внесуваат кислород, добро, но истовремено исфрлаат реактивни кислородни видови (РОС) кои се канцерогени и мутагенски. Така што, не добиваме многу енергија од оксидативната фосфорилација. Повеќе енергија доаѓа од фосфорилацијата на ниво на супстрат, при што отпадни продукти се јантарна киселина и млечна киселина – не ЦО₂ и вода, туку јантарна киселина и млечна киселина. И тоа е веќе измерено.“
Извор: ФАКТОР