910 големи пива за една година на еден човек: Кои жители на европска земја најмногу пијат алкохол?
На пиедесталот се наоѓа Литванија како земја во која најмногу се пие алкохол.
Литванците за една година, во просек испиле 18,2 литри чист алкохол. Изминатите години тој просек бил 14,9 литри чист алкохол по Литванец. Ова е исто како да испиле во просек 910 големи пива или исто толку средно големи чаши вино, во текот на една година, односно по две и пол на ден.
Оваа слика е трагична имајќи предвид дека постои тренд во Европа да се намали консумацијата на алкохол. Неко од мерките за да се постигне тоа се поскапените цени на алкохолот, како што е отежнатоста за неговата достапност.
Проблемот со алкохолот е најголем во Литванија, а тоа може да се забележи и од зголемениот просек за 3,3 литри.
Државата тежнее да го намали овој проблем со забраната за продажба на алкохол на бензинските станици и со покачување на таксите за алкохол. Сепак, нивоата на консумирање алкохол останале значително високи.
Ова е така затоа што Литванија, како и Латвија, Естонија и Полска, припаѓаат на нордиските земји каде 90% од пивото се пие дома, додека пак во Грција, Ирска, Малта, Португалија и Шпанија повеќе од 60% од пивото се пие во барови.
Една од најголемите причини зошто се пие толку многу алкохол е тоа што менталното здравје на општеството е многу лошо. Луѓето се чувствуваат несреќно и пијат алкохол за да се чувствуваат подобро.
Како решение за овој проблем се предлага сите алкохолни пијалоци да имаат на нив табела со составот на производот, како и со неговите енергетски вредности и негативни особини и токсични нивоа.