И болката со тебе поминува: Бојан Илиевски за искушенијата
Со неговите мускули, ќе ве поттикне да размислите за вашиот изглед.
Силен, снажен, беспрекорен тонус, модерен и љубител на животните. Ова се само дел од епитетите за Бојан Илиевски, еден од најдобрите фитнес тренери кај нас.
Речиси секој момент го поминува во обликување на телото. Со напорни вежби успеа од себе да направи вистински фит маж кој не е само подвижен мускул, туку и нешто повеќе.
Неговата упорност, вештина и карактер го однесоа на многу престижни фитнес натпреварувања, а тој сега е шест кратен победник на “Men physique champion” и има освоено и многу други регионални и европски натпреварувања.
Покрај тоа што вежба во теретана, често е на падините на Водно каде ги прави кондиционите вежби. Моментално се релаксира на песочните плажи во Афитос, Грција ама и таму не заборава да вежба. Морето очигледно му е предизвик.
Но, Бојан доста често шета. Сака да проучува нови дестинации и да ужива во живописните градови. Често пишува и убави статуси на социјалните мрежи како овој: „Се ќе помине и болката и деновите неспиени и гладни и жедни ќе го преживуваме секој ден, но и тоа ќе помине .Ќе го заборавиме ,ќе престанеме да мислиме на тоа и пак од ново и ново до следното скалило. Но тебе СЕКОГАШ ,ама баш СЕКОГАШ ќе ти се заблагодаруваме ГОСПОДИ и секој успех тебе ти го посветувам. Ти благодарам за СЕ. Со тебе легнувам и се будам секој ден“.
А, каде и да го сретнете ќе ви одтави впрчаток по убавото облекување. Има софистицитан машки стил, секогаш надополнет со тесни фарметки или пантачони, некогаш трегери, некогаш вратоврски и одличен избор на чевли и патики. Свесен е дека се му стои убаво но знае и дека паметниот избор на облека е вистински погодок.
Кога вежба или се натпреварува, носи кратки шорцеви или супер модерни трењерки кои ги надополнува со припиени маички и патики во дречливи бои.
Кога оди на планина, тоа го прави со неговите миленици кучињата Бен и Артур кои многу ги сака, а тие му помагаат во трчањето.
Небојша Толески