Ѕирнете во елитното архитеткотнско чудо за домување на компанијата Астон Мартин
Астон Мартин го крена поимот луксуз на многу повисоко ниво, создавајќи го својот облакодер од 66 ката, станбена зграда која нуди прекрасен поглед на Ки Бискејн и сјае како дијамант на плажата Мајами ...
Проектот на оваа зграда првпат беше претставен во 2017 година и има врвни архитектонски завршетоци и детали креирани рачно.
Станбената зграда Астон Мартин има голем број модерни апартмани, пентхауси и еден триплекс вреден 66 милиони долари, што доаѓа со моделот Астон Мартин Вулкан. Вкупно 38 станбени единици со поглед на океанот се наоѓаат на петнаесеттиот кат и седум мезонети на педесет и шести.
Секој апартман има чист, модерен дизајн, кој е создаден со употреба на елегантни бели sидови, прозорци од подот до таванот и црн мермер, кои совршено ги истакнува површините на секоја соба поединечно.
Вкусните и истакнати карактеристики на дизајнот се рефлектираат во сината боја на океанот што ги опкружува и се пробива во ентериерите преку големи отвори на прозорците.
Станарите на зградата на Астон Мартин, исто така, добиваат целосен пристап до четирикатниот објект Sky Amenities, кој опфаќа над 3.927 квадратни метри на сите катови. Покрај стандардната теретана и тушеви, оваа зграда има и свои приватни пристаништа за сите сопственици на јахти.
На еден од последните катови има уметничка галерија, сала за состаноци, деловен центар, детска соба за игри, центар за тинејџери, соба за игри и свадбена сала, кои се исто така достапни за секој што живее во зградата.
Станбениот комплекс има и велнес под, каде што сопствениците на апартмани можат да најдат боксерски ринг, спин-соба, теретана, спа центар, сала за медитација, сауна, салон за убавина, зона за третман и фризерски салон, со еден од најубавите погледи на плажата Мајами. Кино и виртуелен центар за голф, како и приватните трпезарии што се отвораат кон грандиозниот базен со бесконечност, носат и неописливо убав поглед кон Атлантскиот Океан.
Завршувањето на работата на станбената зграда Астон Мартин е планирано за почетокот на следната година.