А1 и моќта на корпоративното волонтирање
А1 Македонија годината ја заокружува со програмата “Корпоративно волонтирање” која неодамна ја лансираше во соработка со Црвен крст на град Скопје. Како општествено одговорна компанија направи значаен чекор кон создавање подобар свет и овозможи вработените да учествуваат во различни волонтерски активности.
„ Волонтирањето во А1 Македонија е во нашата ДНК, се однесува на тоа кои сме ние и одлучни сме преку нашите постапки да придонесеме за подобар свет.Програмата за волонтирање ги одразува нашите основни вредности и нашата посветеност да бидеме општествено одговорна компанија и така ќе продолжиме и во годините што доаѓаат“ - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Со здружување на силите со една од најреномираните светски хуманитарни организации, Црвен Крст,вработените на А1 Македонија учествуваа во волонтерски активности одржани во повеќе центри. Во Центарот за стари лица беа одржани предавања за безбедно и паметно користење на интернет, во Дневниот центар за лица со попреченост над 18г., вработените на А1 заедно со лицата со попреченост украсуваа новогодишни кутии, а во Пунктот за бездомници се подготвуваа и пакуваа новогодишни пакетчиња, што подоцна беа донирани на најранливите категории.
*Пр објава