A1 Македонија под мотото „За подобар свет“ се приклучува кон најголемиот еколошки настан, „Часот на планетата земја“
А1 Македонијакако компанија која се залага за одржлив начин на работа како дел од својата ESG стратегија, и оваа година се вклучува во најголемата глобална еколошка активност “Часот на планетата земја”.
Оваа сабота, 25 март 2023 година, во периодот од 20.30 часот до 21.30 часот по локално време, светилките ќе ги исклучат милиони индивидуалци, бизниси, организации и влади ширум светот, меѓу кои е и A1 Македонија.
А1 Македонија се приклучува во ова движење со гаснење на светилките во своите работни простории во дирекцијата во Скопје, како и светлечките реклами во сите продажни салони ширум земјата.
Воедно, А1 Македонија ги повикува своите корисници да дадат свој придонес кон оваа акција со симболично исклучување на светлата во своите домови да придонесат кон зачувување на животната средина.
А1 континуирано спроведува активности во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“. Оттука,во А1 Македонија се спроведуваат активности за промовирње и активно практикување циркуларна економија, подобрување на ефикасноста на мрежата со цел намалување на емисијата на штетни гасови, постепено префрлување на енергија од обновливи извори како и паметно селектирање на отпадот.
Повеќе информации за активностите во рамките на платформата “За подобар свет” можете да прочитате тука.
ПР Објава