АБА 2: ТФТ загуби од Пелистер во регионалното натпреварување
Битолчани го искористија своето искуство од играње во лигата на Јадранот, во мак-дербито стигнаа до убедлива победа над ТФТ (75:65)
Прв натпревар на двате екипи претставници од Македонија во второто, според кваитет, регионално натпреварување. И уедлива поеда за Пелистер.
Битолчани рано воспоставија контрола над играта и особено во резултатот, имаа водство и од 30.поени (69:39), и полесно од предвидувањата го реализираа својот прв плус во АБА 2 лигата.
Одлично прво полувреме, поточно прва четвртина одиграа кошаркарите на Пелистер во македонското дерби на стартот на новото издание на АБА 2 лигата.
Го искористија избраниците на тренерот Марјан Илиевски искуството кое со себе го носи играњето во ова натпреварување, но и збунетоста во играта на противникот кој никако не успеваше „да се состави во играта“, особено во нападот.
Во десет минути „пелистерци“ креираа високи (25:8). На почетокот на вториот период, разликата беше уште поголема. Шутерски настроената екипа на ТФТ својата прва тројка ја реализираше дури по 17.минути од играта (Костоски). А во наредната Пелистер дојде и до највисокиот плус, од 19. поени (37:18).
Во голема мерка, и по заслуга на двоецот Мустафица-Хаџифејзовиќ, кои реализираа 25.поени (15 плус 10), дополнет со точни реализации кои дојдоа и од Караџовски, Сапунџиев (три тројки заедно), и Карутерс, како петти во стартната постава на екипата од Битола.
Онаа од Скопје имаше полувреме за заборав во кое стигна до само 23.поени!
Брзо ќе го заборават освојувачите на македонскиот Куп и она второто во кое влегоа во уште поголема негатива. По нецели осум минути од третата четвртина, Пелистер, сега и на „погонот“ на Караџовски, беше на плус од 27.поени, (63:36).
И тука некаде стана јасно дека „зелено-белите“ ќе ја запишат првата победа во АБА 2 конкуренцијата. Макер што во последниот дел, ТФТ, со условно кажано резервната петорка, поразот го претвори во пристоен. „Пелистерци“ останаа на само шест поени, противникот даде 23 за да се доближи и на (59:71)...
Во второто коло на „балонот“ на Златибор, на 19. октомври (среда), екипата на ТФТ ќе бара шанса за „поправен“ против црногорскиот претставник Сутјеска (од 18.часот). Нешто подоцна, од 21. часот, противник на Пелистер е словенечкиот Шенчур.