АБА Лига: Лошиот почеток на мечот, причина за поразот на МЗТ Скопје во Подгорица од Будуќност
Македонскиот шампион МЗТ Скопје стартуваше лошо во Подгорица, рано влезе во резултатски минус и загуби против фаворизираниот Будуќност (66:89).
Противникот силно го почна мечот, поведе со 12-2, а пред крајот на вториот период дојде и до плус 15 (38-23). Но, тогаш на виделина излезе мотивираноста и инаетот во плаво-белата чета, што резултира со серија 10-1 и намалување на негатива од шест поени. Ова беше показател дека во Подгорица не заминуваме со бело знаме, туку да се бориме, иако со тоа како дополнително го разбудивме ривалот. Будуќност ни врати со серија 19-3 за водство со 60-38, што беше најава за крајниот епилог.
Бре Ајви и Еван Максвел со по 12 поени и по седум скока беа најефикасни во таборот на МЗТ Скопје, додека двоцифрен ефект имаше уште и Дамјан Стојановски со десет поени. Солиден беше и Андреј Магдевски со осум поени и шест асистенции.
МЗТ Скопје Аеродром во наредното коло ќе игра против уште една екипа од Црна Гора, на 22. октомври (од 20.30 часот), во СЦ „Јане Сандански“ гостува Студентски Центар - Дерби.