АБА лига: МЗТ Скопје оди на прва гостинска победа сезонава за опстанок во лигата

МЗТ Скопје вечерва му гостуваат на Сплит, натпревар за опстанок во АБА лигата за македонскиот шампион, започнува од 18 часот.

Македонскиот првак ја бара првата победа на гости, со која ќе бидат на чекор до опстанок, на овој решавачки меч на клупата ќе го нема Драган Николиќ, кој е позитивен на коронавирус.

Војдан Стојановски ветува максимум залагање, и победа во Сплит.

„Сите сме свесни колку е важен натпреварот против Сплит. Немаме право на „кикс“ до крајот, затоа сме подготвени да „изгинеме“ на натпреварот за да дојдеме до посакуваната цел. Верувам дека со добра енергија и со борбена гира ќе може да славиме во славната сала „Грипе“ во Сплит“, изјави Војдан Стојановски.