Спорт // Спорт
Адеми и Ристовски перфектни, Динамо Загреб го победи Лудогорец на гости во Бугарија
Шампионот на Хрватска, Диномо Загреб, со Аријан Адеми и Стефан Ристовски во составот, запиша победа на гости, натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите кај Лудогорец со 1:2.
Адеми и Ристовски играа сите 90 минути, а победата на Динамо Загреб ја донесоа, Периќ и автоголот преку домашниот чувар на мрежата Падт.
Реваншот се игра на 9 август на „Максимир“. Динамо Загреб, доколку го мине Лудогорец, во плеј-офот на ЛШ ќе играат против подобриот од пресметката Бодо/Глимт (Норвешка) – Жалгирис (Литванија).
ФОТО: ФК ДИНАМО ЗАГРЕБ/ТВИТЕР