Спорт // Спорт
Адеми отпаѓа за дуелите со Грузија и Бугарија, репрезентацијата денес со еден тренинг
Македонската фудбалска репрезентација денес ќе одработи еден тренинг, од 10-30 часот на теренот на ФФМ, утре се патува за Тбилиси, а во петок се среќаваме со Грузија.
Селекторот Благоја Милевски по откажувањата поради повреди на Ристовски, Чурлинов, Етеми, на списокот веројатно ќе се придодаде и Аријан Адеми.
Капитенот на Динамо, и постојан член на репрезентацијата на Македонија, повреда на грбот, денес е во Минхен на прегледи а потоа веројатно и одлука каква е состојбата пред патувањето за Тбилиси.
На Македонија и се потребни две победи, и кикс на Грузија против Гибралтар во последното коло во Лигата на нации, за прво место и плеј-оф за пласман на ЕУРО.