Адеми: Шкупи е квалитетен тим, нема опуштање на двомечот во квалфикациите за Лигата на шампионите

Динамо Загреб утре го пречекува Шкупи, средбата се игра од 21 часот, квалификации за Лигата на шампионите.

Хрватскиот шампион е фаворит на двомечот, Аријан Адеми, кој е легенда кај Динамо, и еден од најважните играчи, во изјава за медиумите во Хрватска, вели дека никако не смее да се потцени Шкупи.

„Играат брз фудбал, имаат квалитет, не смееме да ги потцениме, голманот им е одличен, тој ми е колега во репрезентацијата, мора да одиграме внимателно“ – вели Адеми.