Спорт // Спорт
Адис Јаховиќ има нов клуб, ќе игра во Турција за екипата на Бодрумспор
Адис Јаховиќ кариерата ја продолжува во турскиот второлигаш Бодрумспор, македонскиот репрезентативец ја прифатил понудата од клубот, која во Турција се оценува како одлична.
Бодрумспор е второлигаш, но со големи амбиции сезонава, сака да се врати во најсилната фудбалска конкуренција на Турција, а за тоа му е потребен Јаховиќ како голгетер.
За Јаховиќ во Турција ова е четврти клуб, претходно настапуваше и за Коњаспор, Малатија и за Анталијаспор.