Адвокат за развод од искуство тврди: „Луѓето кои се венчаат пред оваа возраст секогаш се разведуваат“

Адвокатот врз основа на својата пракса дознал кои парови најчесто се разведуваат и советувал кога да се венчаат.

Познатиот американски адвокат Тајлер Самерс, кој е специјализиран за предбрачни договори и разводи, неодамна на својот TikTok откри на која возраст е најдобро да се стапи во брак за таа да трае. Адвокатот ги советува младите да почекаат барем до 30 години за да го кажат судбоносното „да“.

„Во нивните 20-ти, луѓето сè уште се бараат еден со друг. Немате поим што сакате долгорочно“, смета овој адвокат од Бостон. Тој додава дека ако чекате десет години, ќе имате подобра финансиска стабилност и подобро ќе се разберете себеси.

„Луѓето кои стапуваат во брак на 30 или повеќе години веќе имаат изградено кариера. Можеби имаат повеќе пари, позрели се. Тие се подготвени за долга, посветена врска. Слушајте ги мудрите зборови на адвокатот за развод и не се венчајте пред 30 години“, истакнува Тајлер во своето видео. „Личноста со која ќе се омажите на 21 година е сосема друга личност кога ќе наполни 28 години“, заклучил тој.

„Нема вистински години“

Адвокатот го сподели својот совет на TikTok, а неговото видео предизвика големо внимание и бројни реакции. „Омажи се кога сакаш, нема соодветна возраст“, вели една личност. „Секој што не се согласува со вас, сега е во своите дваесетти години“, се пошегува друг. „Според мене, стапувањето во брак на млада возраст ве принудува да растете и да се формирате заедно. Се омажив на 21 година и не жалам за тоа“, рекла една жена.

Инаку, студијата спроведена во 2016 година од „Psychology Today“ покажува дека паровите кои стапуваат во брак во 20-тите имаат 50 отсто поголеми шанси за развод од оние кои подоцна се венчаат. Истата студија покажала дека најдобро време за брак е помеѓу 28 и 32 години.


Извор.najzena.alo
Фото:Фрипик