„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

Во духот на спортот и тимската енергија, традиционално се одржа деловната трка на 5 км,  „Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025", на која Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше горд домаќин. Стартот и финишот беа поставени пред болницата, каде што се собраа стотици учесници од најразлични компании, обединети со иста цел - промоција на здрави навики, деловно дружење, забава и тимска поврзаност.

Оваа трка, која секоја година ги зближува компаниите преку спорт, рекреација и дружење, успешно го поттикнува натпреварувачкиот дух меѓу учесниците.

На настанот учествуваа бројни компании со свои тимови, а „Аџибадем Систина“ и „Премиум спорт центар“ се претставиja со тим од над 50 учесници, кои со голема енергија и ентузијазам ја истрчаа целата патека, гордо носејќи ги боите на нашите брендови.

Дополнително, „Аџибадем Систина“ овозможи бесплатно мерење на шеќер во крвта за сите учесници  пред почетокот и по завршувањето на трката. Учесниците имаа можност да добијат интерпретација на резултатите и корисни совети од д-р Надица Божиновска Димова, специјалист по ендокринологија.

По завршувањето на трката, следуваше неформално дружење со музика, освежување и доделување на признанија за најуспешните учесници. Просторот пред болницата беше претворен во вистинска зона на спортски дух, позитивна атмосфера и тимска мотивација. 

„Аџибадем Систина“ континуирано ја негува тимската култура и во иднина остануваме посветени на иницијативи што го промовираат активниот и здрав начин на живот.