Air Jordan 10 како копачки: Се викаат „Челик“
Новите Џорданки се специјално дизајнирани за носење по трева ...
Кога станува збор за копачки, сигурни сме дека никогаш не помислувате на популарните патики Џорданки. Поради оваа причина, популарниот спортски синџир одлучи да претстави Џорданки кои имаат крампонки и се специјално дизајнирани да се носат на трева.
Пред да се запрашате, „дали се овие нови фудбалски патики?“, треба да ја разбиеме вашата фантазија и да ви кажеме дека овие патики се создадени само за оние кои играат бејзбол. Тие се специјално дизајнирани да се носат на теренот за бејзбол, а нивниот дизајн им овозможуваат да произведат одлично триење на земја и трева.
Името на овие патики е Steel (челик), и ги симболизира металните крампонки што се ставени под ѓоните.
Имаат класичен дизајн на „Џорданки“, со длабок горен, засилен јазик, но овој пат ѓонот е потенок и е целосно редизајниран, затоа што сепак се работи а друг вид на патика.
Air Jordan 10 “Steel” ќе бидат достапни во бела и црна боја.