Ајфеловата кула се лизна од тронот: Кој и го зема местото најголема туристичка атракција?
Титаникот во Белфаст е прогласен за најголема туристичка атракција во Европа по втор пат.
Овој музеј лесно ги лизна од тронот Ајфеловата кула и Бакингамската палата. Титаник во Белфаст привлече десет милиони посетители од повеќе од 145 земји од отворањето во 2012 година до денес.
Сега стана прва локација во Северна Ирска која ја доби оваа награда. Музејот ја слави историјата на бродоизградба во Белфаст и создавањето на Титаник, најпознатиот патнички брод кој влезе во легендите.
Музејот се наоѓа на местото од кое Титаник исплови на своето прво и последно патување.
Од отворањето на Титаник во Белфаст се продадени неколку милиони разгледници и 60. 000 снежни кугли со фигурата на Титаник.
Инаку, Северна Ирска благодарение на Музејот, но и популарната серија „Игра на престолот“ која во еден дел е снимана таму, лани ја посетиле рекорден број туристи.