Академија Пандев ги повика навивачите, помогнете за победа и настап во Европа

В недела се играат средбите од 32 коло во ПМФЛ, претпоследно во кое Академија Пандев го пречекува Работнички.

Екипата од Струмица со победа обезбедува настап во квалфикациите на Конференциската лига, Работнички игра за своето реноме и чест, нема резултатски императив.

Академија Пандев ги повикува навивачите да им дадат поддршка в недела за победа:

Почитувани навивачи и симпатизери,

Полека се приближуваме до крајот на оваа фудбалска сезона од која ни преостануваат уште два натпревари. Изминува сезона во која имавме и добри и лоши резултати, турбуленции во формата, промени во тимот, но сето тоа е составен дел од фудбалот. Целта која управата со стручниот штаб и играчите си ја поставија пред почетокот на сезоната беше - излез во европските купови. Академија Пандев е моментално на втората позиција на табелата и со евентуална победа на наредниот натпревар против Работнички и теоретски обезбедува европско лето. „Битките за Европа“ и најинтересните натпревари како да се чувале за крај.

Сакаме на сите наши симпатизери и фанови да им се заблагодариме за поддршката која ни ја даваат преку цела сезона и голем дел од заслугата за добрите резултати е нивна. Ве повикуваме за последен пат оваа сезона на домашен терен, на градскиот стадион во Струмица, во НЕДЕЛА со почеток во 17 часот, да дојдете и да ни дадете мотив плус за победа на овој важен натпревар и на крај заедно да славиме и испишеме нова клубска историја.

Се гледаме во НЕДЕЛА на стадион!