Академија Пандев ги пушти во продажба билетите за дуелот со Лехиа, се игра во Скопје

Академија Пандев во четврток го пречекува тимот на Лехиа Гдањск од Полска, реванш од Конференциската лига, а средбата се игра на теренот на ФФМ.

Клубот од Струмица ги поканува љубителите на фудбалот да дадат поддршка, Лехиа на првата средба победи со 4-1.

„Од денес започнува продажбата на билети за реванш натпреварот од УЕФА Конференциска Лига помеѓу екипите на Академија Пандев и Лехија Гданск од Полска.

Натпреварот се игра во четврток (14.07.2022) на тренинг центарот на ФФМ – Петар Милошевски во Скопје, со почеток во 17.00 часот. Цената на влезницата е 200 денари, а за влез на стадионот покрај влезницата ќе биде потребен и документ за идентификација“ – објави ФК Академија Пандев.