Академија Пандев се надева на „чудо“, Стојчев најавува максимално ангажирање за победа
Академија Пандев не се откажува од „чудо“, сè додека има шанси верува во пресврт, утре гостува Лехиа, со позитива од 4-1, квалификации за Конференциска лига.
Тренерот Ѓорѓе Стојчев верува во успех, иако има голема негатива по првиот меч.
Жалиме за резултатот од првата средба, игравме добро, не искористивме шанси, без разлика каков е резултатот од првиот меч, веруваме во успех, за нас утре е голем фудбалски ден, веруваме дека можеме до следната рунда, Марко Ѓорѓиевски е повреден, и нема да игра, како и Бојан Димовски и Коста Манев кои се повредени. Влегуваме во мечот да победиме, тоа е нашата желба. Лехиа беше фаворит, го добивме најтешкиот противник, во Полска испуштивме многу шанси, утре не се откажуваме, веруваме во екипата, ќе одиграме офанзивно, екипата ќе направи се за успех, ќе одиме до крај. Европските натпревари се тешки за нас, се игра со висок ритам, ако утре одиграме како во Полска, во Скопје можеме да се надеваме на добар резултат. Утре Академија Пандев мора да одигра перфектен натпревар, без грешка, Лехиа има одлични напаѓачи, како тим треба да одиграме, агресивно и силно, и секако тимски.
Дуелот меѓу Академија Пандев и Лехиа се игра утре со почеток од 17 часот.