Ако досега не сте ја пронашле вашата сродна душа, ќе ја пронајдете на Фејсбук

Апликацијата „Фејсбук дејтинг“ добива две нови функции со вештачка интелигенција чија цел е да им помогнат на корисниците во потрагата по нови познанства, пријателства или љубов.
Првата новина е четбот наречен „асистент за запознавање“ (dating assistant). Овој виртуелен помошник ќе ги поврзува луѓето врз основа на заеднички интереси, ќе дава идеи за состаноци и ќе им помага на корисниците да го подобрат својот профил. За почеток, оваа опција ќе биде достапна во САД и Канада.
Втората функција е „Мит кјут“ (Meat Cute), која преку персонализиран алгоритам за спојување ќе нуди случајни совпаѓања меѓу двајца корисници што можеби ќе си се допаднат. Иако компанијата „Мета“ не откри детали за тоа како алгоритмот ги оценува потенцијалните партнери, наведено е дека оваа алатка може да се исклучи во секое време.
Новитетите се воведуваат со цел да се намали заморот од постојаното „лизгање“ лево или десно, односно бескрајното избирање „да“ или „не“, кое често ги одвраќа корисниците од апликациите за запознавање.
Со овие две функции, „Фејсбук дејтинг“ се надева дека ќе го олесни процесот на запознавање и ќе го направи поисполнет и покреативен, оставајќи повеќе простор за вистински разговори и поврзување.
Freepik