Ако ќерка ми сака еднорог, ќе го добие: Пабло Ескобар - од суровиот нарко-бос до грижлив татко
Мануела Ескобар израснала безгрижно, без оглед на тоа што татко ѝ бил шеф на колумски картел...
Пабло Ескобар е колумбиски нарко-бос со застрашувачка репутација.
На врвот на „кариерата“, кон средината на 80-тите, неговиот картел го снабдувал над 80 проценти од пазарот на кокаин во САД и на тој начин правел по 21,9 милијарди долари годишно. Иако бил познат по насилното однесување, имал и една слаба точка. Тоа било неговото семејство, а посебно неговата ќерка.
Мануела Ескобар, единствената ќерка на Пабло, растела безгрижно, без оглед на тоа што татко ѝ бил нарко-бос. Правел сѐ за неговата принцеза да се чувствува удобно. Буквално сѐ.
Ѝ дозволувал сѐ што ќе посака и ѝ давал сѐ што може да се купи со пари.
Освен што можел да ги задоволи сите материјални потреби на семејството, Ескобар бил полн со љубов, но бил и грижлив маж.
Ќерката на Ескобар, Мануела најмногу се појавува во приказните за неговата подготвеност за таа да се чувствувала сакано. Според зборовите на неговите поранешни пријатели, тој не се двоумел да направи било што за нејзино добро.
Во една прилика додека семејството се криело на планината Меделин, според „Бизнис Инсајдер“, Мануела се разболела и родителите морале да најдат начин да ја затоплат. Ескобар запалил оган користејќи го она што го имал при раце - банкноти од по два милиони долари, за да го заштити своето дете од студот.
Меѓутоа, тоа било далеку од најчудниот чин кој овој пожртвуван татко го преземал за да ја усреќи својата миленичка. Кога Мануела одлучила дека сака еднорог, Пабло дури ни реалноста не го спречила за да го најде.
Бидејќи, секако, вистински еднорог не доаѓа во предвид, нарко - босот наредил да се „направи“ еден. Луѓето кои работеле за него купуле мал бел коњ и почнале да смислуваат како да му стават рог, што е типичен за ова митско животно.
По оваа физичка траума, едно животно умрело од инфекција.
Ескобар во една прилика отишол толку далеку, што една од своите љубовници ја натерал да го абортира бебето, бидејќи на Мануела ѝ ветил дека таа ќе биде последно негово дете.
фото: Profimedia