Ако мислевте дека е само мит: Мечот во камен навистина постои и никој не може да го извади
Мечот во каменот навистина постои, тој се наоѓа во капела во тосканскиот град Монтесепи. Мечот е од 12 век и никој до сега не успеал да го извади.
Му припаѓал на Сан Галгано, кој бил прогласен за светец по неговата смрт. Тој бил заблудениот витез донесен во Монтесијепи со визија. Визијата му кажала дека треба да се искачи на рид. Кога стигнал до врвот, глас го замолил да се откаже од телесните задоволства.
И покрај се, Галгано се побунил против барањето, велејќи дека „ тоа не е ништо полесно од сечење камен со меч“. За да го истера своето, Галгано го извадил мечот и го забодел каменот. На негово изненадување, сечилото поминало низ карпата, но засекогаш останало заглавено во него.
Галгано ја разбрал таа порака јасно и гласно, поради што трајно се населил во Монтесијепи каде што го поминал остатокот од својот живот како пустиник.
Приказната за визиите можеби е легенда, но Сан Галгано навистина постоел. Со векови скептиците мислеле дека се работи за измама, но релативно неодамнешното истражување покажало дека мечот навистина потекнува од 12 век, а скенирањето исто така открило дека под каменот во кој се наоѓа мечот има комора долга околу 2 метри и еден метар широка, што научниците претпоставуваат дека тоа е гробот на Сан Галгано. Сликата го покажува тој меч кој е заглавен од 1170 година. Меѓутоа, мечот веќе некое време е покриен со стакло, па никој не може да се обиде да го извлече од каменот, иако многумина неуспешно се обидувале низ вековите.