Ако мислевте дека е само мускули: Има 4 факултети, зборува 7 јазици

Долф Лундгрен не е само планина од мускули. Шведски филмски актер роден во Стокхолм на 3 ноември 1957 година, тој е и режисер и мајстор на боречки вештини.  Член на постарата генерација филмски акциони херои од 1980-тите и првата половина на 90-тите, од кои најпознати се Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер и Брус Вилис.

Долф дипломирал на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм, Шведска, со специјализација по физика на Универзитетот во Вашингтон.

На Универзитетот во Сиднеј, во Австралија, тој стана хемичар, магистер на науки.

На Технолошкиот институт во Кембриџ, Масачусетс, САД, станал инженер за хемиско производство.

Дипломирал и на Факултетот за драмски уметности во Њујорк, САД. Неговите родители се научници, членови на Шведската кралска академија на науките. 

Зборува 7 јазици.

Од филмските награди, ја доби престижната „Маршалски трофеј за најдобар актер“ во филмот Роки 4 и најдобар актер на Меѓународната недела на фантастини филмови во Малага.

Има глумено во над 50 филмови, од кои половината стегнаа светска слава, како и тој. 

Има црн појас од 3 степен во киокушин карате и беше европски шампион во 1980 и 1981 година во оваа боречка вештина. Додека живеел во Сиднеј, тој станал телохранител на јамајканската пејачка Грејс Џонс, со која подоцна стапи во врска. Тие се преселиле заедно во Њујорк, каде што - по краткиот престој како модел и обезбедување на Менхетен, ја започнал и актерската кариера.

Само еднаш беше во брак со Анет Квиберг, но по 20 години се разведоа.

Неговото богатство се проценува над 20 милиони долари, а активен е и денес во светот на актерството.