Ако наутро вака пиете вода со лимон, нема ефект: Бевме во заблуда, диетичарка го откри главното правило!
Водата со лимон има повеќекратни здравствени придобивки, но многумина ја пијат погрешно“, вели нутриционистка.
Бројни нутриционисти, диететичари и лекари нагласија дека водата со лимон, доколку се пие на празен стомак, може да го забрза метаболизмот. Има повеќе здравствени придобивки, но диететичарот Лорен Слејтон вели дека повеќето луѓе ја пијат на погрешен начин. Затоа, нема ефект врз здравјето и важно е да се следи едно правило, советува таа.
Вода со лимон не значи онаа чаша вода што ја пиете со сласт додека во неа плови парче лимон. Диететичарката вели дека повеќето луѓе додаваат парче лимон само за да ја направат водата со подобар вкус. „Кога разговараме за придобивките од пиењето вода со лимон, мислам на вода што содржи сок од најмалку половина лимон“, истакнува таа.
Таа исто така забележува дека органските лимони треба да бидат главната состојка. „Сакаме вода со лимон, а не вода и пестициди, особено ако го ставите лимонот да плови во водата“, вели диететичарката. Американската стоматолошка асоцијација наведува дека водата со лимон е безбедна, но само ако пиете доволно количество обична вода, бидејќи киселината во лимоните и другите агруми може да ја уништи забната глеѓ со текот на времето.
Придобивките од пиење вода со лимон:
-Добро е за хидратација
-Може да помогне да се намали желбата за слатки
-Лимонот содржи бројни здрави соединенија
- Го одржува здравјето на кожата
- Тоа придонесува за намалување на киселоста на вашето тело
-Добро влијае на варењето