Ако сакате добро здравје, редовно пијте го овој пијалок: Гастроентерологот откри што си подготвува секое утро
Ако сакате добро здравје, редовно пијте го овој пијалок
Здравјето на дигестивниот систем, особено на добрите бактерии, е важно за одржување на нормалните функции на целиот организам.
Имунитетот, варењето, па дури и расположението зависат од микробиомот, а има храна што му е „пријатна“. Такви се разните чаеви, а гастроентерологот Марвин Синг објасни кој чај го пие секој ден и зошто.
Зелениот чај со јасмин може да се пие топол или ладен, тој е многу вкусен и со додавање на лимон или мед станува вистинска здравствена бомба.
- Зелениот чај содржи антиоксиданти, како и фитохемикалии кои ги хранат добрите бактерии, особено акермансија муцинифила, која се наоѓа на ѕидовите на цревата. Тие го намалуваат воспалението во гастроинтестиналниот тракт, што значи дека го намалуваат ризикот од неговите болести - рече тој.
Истражувањата покажаа дека зелениот чај исто така ги подобрува когнитивните функции и помага во борбата против симптомите на депресија.