Ако сте вистински навивачи, ќе ја бодрите Македонија против Гибралтар! Фудбалерите се наши херои, во добро и во лошо, на победа !

Поразот од Грузија ги сведе на теорија шансите на Македонија за прво место во групата во Лигата на нации, следува дуел со Гибралтар, неатрактивен, но незгоден противник, потврдија против Бугарија дека можат да изненадат секого.

Затоа е потребна поддршка, за победа, за нови три бода, лесно е да се навива против Италија, Португалија, Германија, вистинските навивачи доаѓаат и против Гибралтар, Андора … Така е секаде, така е кога се сака репрезентацијата, а не се доаѓа за да се гледа противникот …

Навивачите и се потребни на македонската репрезентација, поготово сега, кога треба да се вратиме на победнички патеки, сега не се бара гратис карта, сега треба да се дојде, да се навива како да играме против светски првак, бидејќи сте им потребни на играчите, на репрезентација, за Македонија, сега и неодложно веднаш!


Кога ја победивме Италија сите беа херои, кога загубивме од Португалија, остана впечатокот дека овие играчи секогаш го даваат максимумот за овој светол дрес, за оваа репрезентација, сплотени, борбени, со желба за победа, истите се играчите, иста е желбата, исти се мотивите, потребни сте им Вие, навивачите да им докажете дека сте со нив, во добро и во лошо, во победи и порази, бидејќи станува збор за македонската фудбалска репрезентација!


Сеедно што е Гибрлатар, сеедно ќе беше и дали денес ќе играв, е со Франција, Португалија, Англија, Италија, сега сте им потребни на играчите, да се поддржат, да победат, ништо не е изгубено се до последниот свиреж во овој настап во Лигата на нации.

Дојдете, бодрете ги репрезентативците, тие се тука за Вас, и Вие треба да бите тука за нив, Македонија напред, Македонија на победа, со верната Фаланга до триумф и враќање на самодовербата!