Ако вака јадете овошје не сте свесни колку му помагате на здравјето: Д-р Петар открива што треба да јадеме во лето, а што да избегнуваме

Одредени овошја имаат бројни здравствени придобивки, а еве кои треба да ги јадете особено за време на жештините

Д-р Петар Боровиќ истакнува дека не треба секогаш да земате лекови, туку максимално да ја регулирате исхраната и начинот на живот. Во емисијата „Јутро“ на српска Прва, д-р Боровиќ зборуваше за тоа што да се јаде во текот на летото, како да се консумира овошјето, како да се комбинираат намирниците и што да се избегнува.

Како што вели, кафето е „отров за организмот“, а различните состојки во овошјето штитат од опасните болести како што е ракот. Покрај тоа, постојат намирници кои ќе ви помогнат да имате убав тен, како и да ја задржите бојата што сте ја добиле при сончањето.
„Знаеме многу работи, но не ги применуваме. Во античка Кина тоа беше добар обичај, селски лекар земал плата само додека сите во село биле здрави. Правел превенција, а денес не е така.
Храната нека ви биде лек. Лековите се опција на крајот, ако веќе нема каде, тогаш земете ги. Дојдоа такви времиња што за тоа не се зборува, но јадете што повеќе овошје!!!“, рече д-р Боровиќ и откри кои овошја треба да ги јадеме во лето:

Сега е време за малини, елагичната киселина делува против ракот. Сулфорафан го има во брокулата, треба да се јаде, сулфорафанот е чудо. Овошјето треба да се зема околу 400, 500 грама во два, три оброци. Идеално е да се пие вода пред појадок, да се мијат цревата, да се подготви желудникот и овошјето оди веднаш потоа. Луѓето прават пауза од 20 минути по водата. Не треба да се прават паузи. Водата е во стомакот 20 секунди“, вели докторот и предупредува на лошата навика на многумина.

Луѓето го започнуваат денот со кафе. Кофеинот е отровна база. Депримира, го подига расположението, а потоа го спушта. Денот треба да започне со вода, важна е за имунитет, разладување, убавина. Во текот на утрото имаме најмногу срцеви и мозочни удари, меѓу другото и поради густата крв. Луѓето наместо да пијат вода за да ја разработи крвта, тие пијат кафе. Несфатливо е за мене кога велат дека кафето е добро. Немате ништо добро во кафето, тоа не не' води до здравје. Жените сакаат да бидат убави, а кафето прави дисплазија на градите, предупредува докторот. 


Какво овошје да јадеме?

„Овошјето дава убавина, сила. Касија пристигна, супер е и таа. Ако сакате да имате убава боја кога одите на море, земете моркови, дињи, кајсии да ја задржите бојата што подолго. Со ладно - цедено маслиново масло и 25 отсто сок од лимон измешајте и ставете на косата. Римјанките имале многу убава коса бидејќи ја мачкале со маслиново масло. Ставете и на кожата половина час за да се поправи бојата и да се нахрани кожата. Дали знаевте дека 56.000 луѓе добиле срцев удар и починале поради погрешен начин на живот, а 96.000 имале проблеми“, вели д-р Боровиќ.

„Овошјето се вари во организмот од 18 до 22 минути. Ако сакаме максимална искористеност, пиеме вода и го земаме овошјето добро измиено. Се што се купува на пазар мора да се потопи 7 до 10 минути во топла вода, дури и малку посолена. Потоа сигурни сме дека земаме безбедна храна, особено поради пестицидите. Нема да имате подуен стомак. Јагодите имаат ликопен, штитат од рак на дојка, рак на простата, даваат убав тен, ги избелуваат забите“, вели докторот и додава:

Доаѓа и лубеница, која има многу вода и ликопен. Нема многу шеќер, не е калорично овошје, треба да се земе. Ако сакаме да ја средиме линијата, тогаш водата пред јадење помага. Ако водата е собна температура, до 6 чаши вода дневно ќе согориме 350 калории“, посочува д-р Боровиќ.


извор: mondo