Ако во едно нешто е во предност, тоа е со стилот: Заев се облекува подобро од Борисов и Ципрас

Мажите политичари се и тоа како ограничени во облекувањето. Дрес кодот е таков што налага строгост и формална облека- костуми со кои и не е многу изводливо да се игра.

Сепак, не сите костуми се исти и не сите ги носат на ист начин. На некои конституцијата им дозволува да изгледаат совршено во се‘ што ќе облечат, а други треба малку да се помачат. Се разбира, не ги гледаме само во костуми. Некогаш носат и спортско- елегантни варијанти, ама тоа не значи дека вешто ги комбинирале.

Зоран Заев, Бојко Борисов и Алексис Ципрас ни се добро познати. Првиот актуелен со години, вториот посебно сега, а третиот беше актуелен. Освен што се премиери ( Ципрас не е повеќе), тие немаат нешто многу заедничко. Дури се разидуваат и во стилот на облекување. 

Не дека е наш, ама Заев тука е во некаква мала предност- тој има многу поголем осет за модна естетика од неговите колеги. И кога носи костум го разигрува со впечатлива вратоврска, и кога носи капут е елегантен и кога е во спортско издание, некако доминира.

За разлика од него, Бојко Борисов е габаритен и костумите некако дури и му се преголеми. Тој се облекува крајно конзервативно, без некој посебен стилски израз, ама кај него секогаш доминира корпулентноста.

За Ципрас мора да се признае дека има стил и некој чуден шарм. Не носи скоро никогаш вратоврска, костумите му се класика, претежно носи бела или црна кошула, а во спортска варијана е просечно облечен. Тука некаде е со стилот на Заев, но сепак може и подобро.

Фото: Официјални фб. профили на Заев, Борисов и Ципрас

Р.М.М.