Актерката (74) се пожали од сопругот (84): Тој во 4 часот наутро сака неколку пати – подготвен е како пушка, а јас...

Американската актерка Сузан Сомерс (74) и канадскиот продуцент и телевизиски водител Алан Хамел (84) се во брак од 1977 година, а нивната страст, се чини, не изгуби ништо од својот интензитет.

- Нашите хормони дивеат ... Многу луѓе мислат дека луѓето како нас повеќе не го прават тоа, но ние сме многу активни! Можеби ова е премногу информација за вас, но еве сега е напладне, а ние тоа го сторивме веќе трипати! Ален е ѕвер - се буди во 4 наутро и е подготвен како ловџиска пушка, а јас го прашувам дали можете барем да почекате да изгрее сонцето - се пожали актерката. 

Уште во 2019 година, таа за Дејли Меил откри дека нејзиниот сопруг зема инјекции на меланокортин-базиран пептид ПТ-141 со цел да го зголеми либидото.

- Тоа е стимуланс кој делува на вашиот мозок, инјекциите можат да ги користат и мажи и жени, тоа е одлична работа - објаснува Сомерс.

Ова е втор брак на актерката. Таа се омажи за Брус Сомерс во 1965 година кога имала 19 години и со него го доби синот Брус Јуниор, но тие се разведоа во 1968 година. Ален исто така имал 19 години кога првпат се оженил со Мерилин, со која има две деца.



Фото: Ројтерс/Инстаграм

Moжеби ќе ве интересира:

Раскажа на целата соблекувална за сексот со Памела Андерсон: Ќе се воодушевите колку пати го „направиле“ тоа