Актерот ја лажел полицијата? Нови детали за трагедиајта која ја предизвика Алек Болдвин на снимањето на филмот „Rust“

Во секое свое сведочење актерот тврдел дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот со кој е убиена неговата колешка...

Во извештајот на ФБИ се наведува дека Алек Болдвин сепак го повлекол чкрапалото на пиштолот, со кој е убиена кинематографката на сетот на „Rust“.

Актерот тврден дека тој всушност и не го повлекол чкрапалото на пиштолот, кој требало да биде наполнет со лажни куршуми.

Сепак, новиот извештај кој на увид го доби „ABC News“, покажува дека куршумот не можел да биде испукан ако не е повлечено чкрапалото на пиштолот.

Тоа значи дека него судот може да го гони за направено дело.

Властите вчера соопштија дека ги очекуваат телефонските записи на актерот, а обвинителот во соработка со полицијата од окригот Сафолк во Њујорк и адвокатите на Болдвин треба да ги собере сите докази.

Записите ќе ги прегледуваат детективи, а потоа ќе бидат испратени до обвинителот за да утврди дали ќе биде поднесена пријава.

Форензичкиот извештај на ФБИ ги испитуваше сите детали за фаталната несреќа како дел од пошироката истрага за да се види дали може да бидат поднесени кривични пријави.

Да потсетиме, актерот случајно ја уби Халина Хачинс (42) на снимањето на филмот „Rust“ во октомври 2021 година и го повреди режисерот Џоел Соуза во инцидент на ранчот Бонанца Крик, Санта Фе, Ново Мексико.

фото: Принтскрин / Јутјуб